Адвокатската канцеларија нуди стручна анализа и проценка на спорови, со цел на клиентите да им обезбедиме детални правни совети, правна сигурност уште пред да се започне било каква постапка.
Оваа услуга овозможува:
Што добивате:
✔ Анализа на факти и документи
✔ Правна проценка заснована на закони и судска пракса
✔ Стратешки насоки за понатамошно дејствување
✔ Предлог за најповолно и најекономично решение
✔ Превентивни совети за избегнување идни спорови
Адвокатската канцеларија обезбедува стручно и одговорно застапување на физички и правни лица пред сите судови во Република Северна Македонија. Нудиме целосна правна поддршка во граѓански, трговски, управни и прекршочни постапки, со цел заштита на интересите на клиентот во секој чекор од постапката.
Нашиот пристап се заснова на темелна подготовка, аналитичко пристапување кон правните прашања и професионално застапување пред судските органи.
Нашите услуги опфаќаат:
Работните односи се еден од најчувствителните аспекти на правниот систем, кои бараат внимателен и балансиран пристап. Без разлика дали сте вработен кој се соочува со повреда на своите права, или работодавач кој сака да обезбеди законито и ефикасно управување со човечкиот капитал – нашата адвокатска канцеларија е тука да ви понуди стручна правна поддршка.
Доколку сметате дека се повредени вашите права на работното место, нашата адвокатска канцеларија ви стои на располагање за стручна и навремена правна помош.
Обезбедуваме застапување во случаи на:
1. Правна поддршка за РАБОТНИЦИ:
2. Правна поддршка за РАБОТОДАВАЧИ:
– Изработка и усогласување на договори за вработување
– Советување при дисциплински постапки и откази
– Советување при спроведување на стандардите за безбедност и здравје при работа,
– Застапување во спорови пред суд и трудов инспекторат
– Изготвување на интерни акти (правилници, решенија, одлуки)
– Превенција од мобинг и дискриминација,
– Поддршка при преструктурирања, намалување на бројот на вработени и колективни договори
Адвокатската канцеларија нуди:
Советување во поглед на правата кои ги имаат Потрошувачите согласно Законот за заштита на потрошувачите Помош при враќање, замена или поправка на неисправен производ, правна заштита во случаи на неисполнување на договорните обврски од страна на трговците, Советување за надомест на штета (материјална или нематеријална штета), условите за трговско работење што се од значење за заштита на правата на потрошувачите како и совети и преземање на дејствија во поглед на надлежностите кои ги имаат органите на државната управа во однос за заштитата на потрошувачите. Подготовка и поднесување на формални приговори до трговци и даватели на услуги
Жалби до надлежни институции за заштита на потрошувачи (на пример, Агенција за заштита на потрошувачи), Следење на постапката и застапување пред институции.
Адвокатската канцеларија нуди целосна правна поддршка за странски клиенти кои сакаат да живеат, работат или инвестираат во Република Северна Македонија. Односно:
Нашата канцеларија нуди помош при подготовка и анализа на документацијата потребна за градежни проекти, вклучувајќи градежни дозволи и друга соодветна документација, правата и обврските на учесниците во изградбата, советување во врска со Законот за градење и законската регулатива за обезбедување на согласност.
Ви нудиме правна сигурност и професионализам во изработката на различни видови договори и преддоговори, водење преговори и анализа на посебните услови на договорот, обезбедувајќи правна заштита на вашите интереси. Како ваши застапници, наша цел е да ги заштитиме вашите права и интереси, стремејќи се кон изградување доверба и долгорочни односи со нашите клиенти.
Подготовка на барање за извршување, целосна анализа и советување за процесот на спроведување на извршувањето, советување на должници при исполнување на извршни решенија, подготовка на приговори за неправилности во извршувањето, совети за заштита на правата на должниците при спроведување на извршувањето, преглед и појаснување на сите релевантни документи поврзани со извршувањето.
Целосна подготовка, анализа и помош во постапката за развод на брак, поделба на имот стекнат за време на брак, издршка на брачни другари и деца, оспорување и утврдување на родителство, како и регулирање на законските права и обврски од брачните и вонбрачните односи.
Советување и составување на тестамент, Подготовка на Предлог за поведување на оставинска постапка, Договор за распределба на имот за време на живот, Договор за доживотна издршка; Подготовка на позитивна/негативна наследничка изјава, целосно спроведување на оставинска постапка, помош во врска со управување на долговите и обврските на оставителот, застапување во судски постапки пред надлежен суд, совети за планирање и поделба на оставината како и минимизирање на потенцијални проблеми и спорови помеѓу наследниците.
Адвокатската канцеларија нуди целосна подготовка на сите потребни документи за основање, промени и бришење на правни лица, фондации, здруженија и друг вид трговски друштва основани согласно Законот за трговските друштва.
Правна поддршка во сите аспекти на корпоративното право.
Застапување и совети во спорови и договори од областа на работните односи.
Застапување пред сите судови и административни органи.
Правна помош при договори, надомест на штета и обврзни односи.
Застапување во постапки за надомест на материјална и нематеријална штета.
Правна поддршка во спорови за имот и сопственички односи.
Закажете консултација денес.